Во општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ

Од:

Општина Кисела Вода и Амбасадата на Унгарија во Македонија го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ – 15 март. На овој ден пред 169 години започна Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.

Во знак на почит и продолжување на успешната соработка со Унгарија делегација од општината, положи цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево. Патефи бил истакнат унгарски поет и е еден од водачите на Унгарската револуција од 1848 година.

На свеченоста се обратија унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Иштван Дукс и претседателот на здружението на Унгарците во Македонија, Јожеф Шутуш.

– Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да ги негува културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Репулика Македонија. Преку континуираните заложби за заемно запознавање на културно-историските вредности, локалната самоуправа дава свој придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот, соопшти општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода