Во општина Кисела Вода легализирани уште 50 дивоградби

Од:

Нови 50 решенија за легализација на дивоградби денеска беа доделени во општина Кисела Вода. Со тоа, досега се решени 5.030 предмети или 36 отсто од пристигнатите 13.853 барања за легализација.

Општина Кисела Вода информира дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат изнесува 3.933. Изготвени се уште 274 урбанистички согласности, од кои за 185 се чека уплата на надомест, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Од општината ги повикуваат сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесен
ите барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата истекува до крајот на 2017, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање до 31 декември годинава. 

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода