Во општина Кавадарци легализирани околу половина од дивоградбите

Од:

Општина Кавадарци е некаде на половина со постапката за легализирање на дивоградбите, информираше денеска градоначалникот Александар Панов.

Тој соопшти дека во првиот наврат во 2011 година имаше 7.500 барања, а во 2016 година уште меѓу 1.500 и 2.000.

– Вкупната бројка на поднесени барања се движи нешто над 9.000. На Тиквешко Езеро има барања за легализирање на околу 2.200 до 2.500 дивоградби. Тие значително ја зголемија бројката на објекти кои треба да се легализираат, во споредба со големината на градот. Квадарци со околу 40.000 жители има повеќе дивоградби за легализација од општина Велес. Станува збор за град кој е за 10.000 житеи поголем од нашиот град, а ние имаме повеќе барања за легализација, нагласи градоначалникот.

Посочи дека процесот на легализација на дивоградбите продолжва и понатаму.

– Им даваме приоритет на оние кои сакаат да легализираат, а им се брза доколку постапката им е неопходна при префрлување на имот, ставање на имот под хипотека и слично, додаде Панов.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски