Во општина Центар во прекин системот за електронски одобренија за градба

Од:

Електронскиот систем за издавање на одобренија за градење (Е-одобрение) во Општина Центар, нема да работи поради миграција на системите на понов сервер и мигрирање на податоците на глобално ниво.

– Електронските системи ќе работат со успорено темпо и со прекини во наредните неколку денови. Оние документи кои не зависат од главниот сервер и кои се изготвуваат на деск-топ компјутери ќе продолжат да се изготвуваат. Истиот проблем е и во архивата и во Секторот за финансии на општина Центар, информираат од општинското Одделение за информатичка технологија.

Воедно, од општина Центар апелираат до граѓаните за разбирање поради евентуално доцнење од неколку денови во изготвување на документацијата, бидејќи, како што посочуваат, комплетната подготовка на документацијата е целосно врзана со електронските системи во општината, кои се во фаза на преадаптирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар