Во општина Центар, најголеми штети во ОУ Кочо Рацин, општинарите на терен

Од:

Најпогодено од поплавите во општина Центар е ОУ „Кочо Рацин“. Речиси 90% од површината на училиштето синоќа била поплавена, но до утринските часови водата е веќе испумпана од страна на општинските служби, кои во текот на целата ноќ беа на терен. Од понеделник итно се започнува со санирање на штетите во електричната инсталација и кречење на ѕидовите.

Поплавите нанесоа помали штети и на општинската зграда каде е уништена дел од компјутерската опрема и подовите. Во моментот се врши проценка на штетите и се прави план за санација.

Поголеми штети по имотите на граѓаните нема. Поплавени се две куќи во реонот Мало Курило на Водно, каде водата е веќе испумпана. Благодарение на неодамнешното чистење на каналите на оваа критична точка на Водно, превенирана е далеку поголема штета.

Од улиците под надлежност на општината, поголеми штети има на раскрсницата меѓу улиците „Христо Чернопеев“ и „Славејко Арсов“. Таму се одвиваат градежни работи за реконтрукција на коловозот, но тампонот е однесен од водата. Од утрово изведувачот веќе работи на терен и се санира штетата.

Поплавени се и неколку гаражи во Дебар Маало, каде веќе се испумпува водата со пумпи. Општината стои на располагање со пумпи за испумпување и апелира гаѓаните да се јават на 072 268 746 за да побараат помош или да пријават штета.

Градоначалникот Андреј Жерновски и општина Центар изразуваат сочувство до семејствата на настраданите во поплавата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар