Во општина Битола донирани контејнери и канти за пластичен отпад

Од:

Општина Битола и ЈП „Комуналец“-Битола во соработка со компанијата „Пакомак“-Скопје, во битолската населба „Стрелиште“ донираа канти и контејнери за примарна селекција на пластичен отпад.

Според градоначалникот на Битола Наташа Петровска, акцијата е директен придонес за здрава и чиста животна средина и можност дополнително да се влијае на подигнување на свеста и совесното однесување на граѓаните кон животната средина.

– Кога зборуваме за селектирање на отпадот, всушност зборуваме за сериозен почеток на третман на отпадот, онака како што треба. Искуството ни покажа дека селектирањето стакло беше многу успешно во општина Битола и дека доколку се работи во оваа насока можеме да направиме многу повеќе и во селектирањето на отпадот, а со тоа и да направиме добар вовед во третманот на отпадот во нашата општина, истакна Петровска.

Акцијата е синхронизиран пристап на локалната самоуправа, бизнис секторот и ЈП „Комуналец“, посочи директорот на локалниот комунален сервис, Панде Богоевски.

– Во соработка со граѓаните ја развиваме свеста за селекција на отпадот. Станува збор за примарна селекција на ластичен отпад, кој ќе се става во посебно наменети канти, коишто ги доделивме на граѓаните во оваа населба, односно околу 150 канти на граѓаните од индивидуалните домаќинства и 10-тина контејнери ќе бидат поставени пред зградите, така што граѓаните ќе имаат можност да вршат селекција на пластичниот отпад, рече Богоевски.

Од ЈП „Комуналец“-Битола информираа дека располагаат со 1.650 канти и 150 контејнери за отпадна пластика.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола