Во опожарениот објект во Трубарево уште нема услови за увид на Обвинителството

Од:

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.

Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до обвинителството.

ОЈО Скопје ги очекува резултатите од извршените мерења и од надлежните служби на Министерството за животна средина.

Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот.

Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето.

До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита.

Би можело да ве интересира

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали