Во опожарениот „Гранит“ пронајден човечки труп

Од:

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека при увидот во опожарениот хотел „Гранит“ на Попова Шапка во внатрешноста на објектот бил пронајден засега неидентификуван човечки труп.

На самото место веднаш се упатиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител да извршат увид, додека полицајци од полициското одделение го обезбедуваат местото.

Пожарот избувнал денеска околу пладне најпрво во ресторанскиот дел за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција. Во гаснењето учестувале три противпожарни возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп