Во Охридско сеуште чекаат пари за штетите од земјотресот

Од:

 „Три месеци по земјотресот кој се случи во општина Дебарца, нема ништо од помошта која лично на жителите им ја ветија министерот за финансии, Зоран Ставревски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска при нивната посета на најпогодените села Белчишта и Велмеј“, рече за А1 градоначалникот на Белчиша, Љупчо Костојчиноски. Тој вели дека нивната општинска комисија навреме ги завршила процедурите за проценка на штетите и целокупната документација ја испратила до владата.

„За сега немаме одговор од владината комисија, но се надеваме дека тоа ќе се случи набрзо.Во земјојтресот имаше големи оштетувања.Околу 16 куќи беа целосно оштетени и тие повеќе не се за употреба додека во повеќе од 400 куќи има оштетувања кои треба да се санираат“, рече градоначалникот Костојчиноски
Половина милион евра се проценуваат штетите од земјотресот во охрискиот регион во јуни годинава. Костојчиноски кој е градоначалник од редовите на СДСМ се надева дека нема никаква политичка заднина во целата оваа работа

„Комисијата при владата треба да ја заврши постапката а, потоа и владата да ја усвои. Сметам дека сето ова ќе потрае, но да се надеваме дека работата ќе се заврши.Владата вети дека жителите ќе бидат обесштетени но во овој период немаме никаков одговор од владата. Сметаме дека во сето ова не треба да има политичка заднина бидејки се работи за жители кои се оштетени. Мојата порака е што побрзо владата да ги обештети жителите бидејки тие тоа го бараат, а ние поради тоа сме под постојан притисок“, рече Костојчиноски. Земјотресот кој се почуствува во повеќе делови на Македонија се случи на 7 и 8 јуни. Епицентарот на земјотресите со јачина од 4.4 степени беше на 25 километри северно од Охрид во подрачјето на Илинска планина.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on