Во Охрид расправа за предложените измени на законите за туристичка и угостителска дејност

Од:

Предложените измени и дополнувања на законите за туристичка дејност, за угостителска дејност, за такса за привремен престој, како и мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор ќе бидат тема на дискусија на јавните расправи што ги организира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

Закажани се два состанока последователно, првиот од 11 часот со претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници, додека веднаш потоа по однос предложените законски измени во секторот ќе можат да се произнесат физичките лица од градот и околината кои вршат угостителска дејност – приватно сместување.

На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија и Стопанската комора.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум