Во Охрид откриена организирана група во вршење на проституција

Од:

Во добро организирана акција, синоќа Секторот за внатрешни работи Охрид, откри организирана група во вршење на проституција и пронајде околу 3 килограми опојна дрога марихуана.

Во рамките на акцијата, беше извршен претрес во станот на Н.П. (48) од Охрид каде во момент на одавање на проституција, во спалната соба затекнати се Д.Д.Ј. (22) од Ботевград, Република Бугарија и К.Ж.(20) од Велешта.

Во останатите простории од станот, затекнати се лицата и Г.Р.(23) од Велешта, Б.М. (37) од Македонска Каменица како и А.А.(23) од градот Сливен, Република Бугарија.Во машината за перење во тоалетот, пронајдени се три паковки со опојна дрога марихуана.

Сокриените опаковки облепени со селотејп лента, биле внимателно завиткани помеѓу алиштата во машината. Пронајдени се пари, мобилни телефони и други предмети кои се одземени и предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.

Сопственикот на станот охриѓанецот Н.П. е добро познат на службата против коги СВР Охрид има поднесено неколку кривични пријави поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела измама, тешка кражба и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции.

По целосно документирање на случајот, Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Во Србија: Мајка ја принудувала малолетната ќерка на проституција

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Елитна проституција откриена во популарно кафуле

Макроата во Германија ги врбуваат украинките кои избегаа од војната

Катерина Ѓуровски