А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Охрид намален бројот на ноќевањата на домашните гости за 12,2%

by А1он14/10/2013 - 14:1014/10/2013 - 14:24113
Share0

И покрај тоа што туристичките работници од Охрид се жалат дека оваа туристичка сезона во Охрид била најслаба последните неколку години, градските власти во Охрид уверуваат дека по многу параметри сезоната која помина била подобра во однос на минатата година.

Добивај вести на вибер

На пример, наплатата на туристичката такса за привремен престој за 2013 година до овој период била поголема за 15, 6 % во однос на истиот период минатата година.

Според податоците на општината, бројот на ноќевања од јануари до август оваа година во однос на истиот период минатата година е зголемен за 2,8%. Има намалување кај домашните ноќевања за 12,2 % додека зголемување кај ноќевањата на странски туристи за 16,9%.

„На овој начин се демантираат шпекулациите и претпоставките како е реализирана туристичката сезона во Охрид во изминатиот период од 9 месеци и да ставиме крај на сите тие шпекулации со факти и аргументи. Временските услови до крајот на месец  јули беа непогодни за престој на домашни и странски туристи. Податоците кои ние ги имаме добиено говорат за доволна доза на оптимизам“, рече градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Тој рече дека од овие бројки бил сосема задоволен.

„Очекувањата во јавноста и шпекулациите кои се појавија во медиумите е дека оваа сезона ќе биде најслабата сезона во изминатите неколку години или неколку децении. Но од статистичките податоци можам да кажам дека сум сосема задоволен, не дека нашите очекувања не беа поголеми.Но ако временските услови во месец јули беа подобри овие бријки ке беа зголемени“, рече Бакраачески.

Мики Трајковски

ohrid

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Горан Наумовски14/12/2025 - 09:20

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:25

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 09:28

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Горан Наумовски29/10/2025 - 09:29

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Горан Наумовски07/10/2025 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен