Во Охрид меѓународен форум за општествена инклузија на лицата со физичка попреченост

Од:

Успешни практики за изнаоѓање начини за подобрување на животот на лицата со попреченост и позитивни примери за нивно вклучување во општеството се тема на дискусија на меѓународната работилница што во организација на Програмата за развој на ОН (УНДП) и Швајцарската агенција за развој од денеска се одржува во Охрид.

Во обраќањето пред присутните министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу потести на заложбите на новата Влада за изградба на едно општество за сите граѓани, независно од верската, етничката припадност, социјалниот статус или состојбата во која се наоѓаат.

– За да ја реализираме оваа заложба во секоја област ни се потребни партнерства, со меѓународните организации, донаторската заедница, со граѓанскиот и бизнис-секторот, локалните власти и пред се со граѓаните. Убедени сме дека само со инклузивен начин на решавање на прашањата ќе стигнеме со резултатот кој што е прифатлив и очекуван од сите граѓани, истакна тој.

Фазлиу го нагласи правото на сите граѓани на воедначени јавни услуги, потсетувајќи дека институциите постојат за да ги обезбедат тие услови.

– Сегашната јасно изразена огромна разлика во капацитетите на општините не гарантира еднаков пристап на граѓаните кон образование, здравство, инфраструктура или административни услуги, забележа тој нагласувајќи ја потребата од поголема свесност за потребните на лицата со попреченост што може да биде постигната единствено со нивно целосно вклучување во сите јавни сфери на општественото живеење.

Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан преставник на УНДП во Македонија, го пренесе ставот на меѓународната заедница преку светските конвенции за рамноправност и еднаквост на лицата со пореченост во заедницата, со исти права, можности за работа и иста достапност до сите услуги.

– Сите присутни на форумот се согласни на тие принцпи, но останува прашањето како тоа да се овозможи. Тука сме за да размениме добри практики во таа насока, но и како дополнително да се унапредат правата и слободите на избор на лицата со попреченост. Присуството на двајца министри на овој собир оди во прилог на декларираните заложби на новата Влада за преземање активности за еднаквост на сите граѓани во општеството, вклучувајќи ги тука и лицата со попреченост, истакна таа.

Кога станува збор за начинот на инклузија на лицата со попреченост во регионот и пошироко, некои земји како Бугарија, Хрватска, Австрија и скандинавските држави беа посочени како добри примери за подобрување на севкупните услови за нивен живот.

– Станува збор за тема и прашање на чие подобрување мора постојано да се работи. Постојат многу предрасуди кога се во прашање лицата со попреченост, нивно стигматизирање, погрешни претстави за нивните способности да работат, творат и активно учество во заедницата, истакна Винтон.

Експерти по односната проблематика од други држави меѓу кои и од Хрватска се во Македонија, со задача да помогнат во надминувањето на одредени состојби кога станува збор за лицата со попреченост.

– Моментално работам на промовирање на социјалните услуги во заедницата, конкретно на првата компонента насочена кон подобрување на услугите за професионална рехабилитација. Во Македонија постои Закон за професионална рехабилитација, кој во пракса лошо функционира, оттаму што системот повеќе е насочен кон поттикнување на бизнис-заедницата за вработување на лица со попреченост, наместо заложбите да бидат насочени кон вклучување на лицата со инвалидитет на отворениот пазар на труд, рече Маријана Јанковиќ, експерт од Хрватска.

Стотина домашни и странски експерти во Охрид имаа можност да ја видат и тематската изложба на стотина плакати изработени од „Студент Арт“, изработени од триесеттина млади луѓе од целиот свет, на тема како да се подобри животот на лицата со попреченост на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице