Во Охрид конфренција на метеоролозите од ЈИЕ и 4. состанок на Конзорциумот на ЈИЕ за оперативна прогноза

Од:

Претставници на Хидрометеоролишките служби на 14 држави од регионот на Југоисточна Европа ќе учествуваат на 17. неформална Конференција на директори на Хидрометеоролошки служби од ЈИЕ заедно со постојаните претставници во Светската метеоролошка организација, како и на 4. Состанок на Конзорциумот на Југоисточна Европа за оперативна прогноза (SEECOP-4) што се одржуваат во Охрид.

Повеќе од 40 претставници на национални хидрометеоролошки служби, како и на пет меѓународни организации меѓу кои Светската метеоролошка организација, Светската банка и Европскиот центар за среднорочна прогноза, ќе бидат дел од состаноците и разговорите во Охрид, во рамки на меѓународната соработка во посочената проблематика, како во регионот така и пошироко.

Пред учесниците на состаноците во Охрид се обрати Ивица Тодоровски, директор на Управата за Хидрометеоролошки работи и постојан претставник на Република Македонија во Светската метеоролошка организација, при што укажа на предвизиците со кои се соочува човештвото, поврзани, пред се, со климатските промени и глобалното затоплување.

– Сведоци сме на се почести природни непогоди, чести и продолжени топлотни бранови и екстремни температури, пожари, поплави, суши и други кои се со метеоролошко потекло. Свесни сме дека природните непогоди се неизбежни, но со воспоставувањето на комплексен систем за рана најава и други мерки за намалување на ризици од непогоди, ќе може да се обезбедат навремени и точни прогнози на времето и климатските екстреми, кои од своја страна ќе придонесат за подобра подготвеност и намалување на негативните влијанија од непогодите, рече Тодоровски.

Тој при тоа го нагласи како неизоставен предуслов суштинското значење на регионалната соработка помеѓу државите и нивните метеоролошки служби.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски