Во Охрид конференција на ветеринарните комори од „Вишеградската Вет + група“

Од:

Претседателите на ветеринарските комори на Македонија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Србија, Босна и Херцеговина – Република Српска, Албанија, Бугарија и на ветеринарната комора на германската сојузна држава Баварија учествуват во работата на Меѓународна конференција на т.н. „Вишеградска Вет + група“, што од денеска се одржува во Охрид.

На собирот во Охрид се присутни и претседателот на Европската федерација на ветеринари д-р Рафаел Лагуенс и потпретседателот д-р Золт Пинтер, претседателот на секцијата за јавно здравје д-р Славен Грбиќ, како и највисоки државни претставници од Република Македонија од делокругот на ветеринарната медицина, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој д-р Николче Бабовски.

На конференцијата е предвидено да се одржат дискусии за актуелните проблеми и предизвици од аспект на епидимиолошката состојба во Европа, одредени прашања од европската ветеринарна легислатива, како и конкретизирање на соработката на членките во рамки на Вишеградската ВЕТ + групација.

Претседателот на Ветеренарната комора на РМ д-р Томислав Николовски изјави дека моментално во Македонија нема конкретна опасност од појава на одредени заболувања кај животните, како што беше случајот од пред неколку години со синиот јазик и јазлестата кожа кои направија големи економски штети во сточарството.

Најголема потенцијална закана што и се заканува на Европа е африканската свинска чума, што од Исток се пренесува кон континентот. Моментално најблиска точка до Македонија на болеста е регистрирана во Унгарија. Проблемот со односната болест е што бележи голема смртност, таа нити се лекува ниту постои вакцина за заштита на животните.

– Во подрачја каде не се јавувала болеста бележи огромен леталитет и мораталитет, односно голем број заразени и угинати животни. Тоа што претставува навистина голем проблем во свињарството, особено за развиените сточарски земји. Она што е потребно е мониторинг на болеста, засилена контрола на миграциите кај дивите свињи како преносители на болеста, па доколку е потребно и мерки и активности за отстрел односно проретчување на дивата свинска популација, изјави Николовски.

Вишеградската вет + група е формирана со цел да изнаоѓа решенија на специфични проблеми со кои се соочуваат ветеринарите од 13 држави од Источна, Централна и Југоисточна Европа. Остварувањето на целите на оваа група се одвиваат преку носење на стратегии за справување со болести кај животните кои влијаат на здравјето кај лугето – јавно здравствените аспекти, како и болести кои предизвикуваат огромни економски штети во сточарството – економски аспекти, стратегии за спроведување епидемиолошки мерки, стратегии за обезбедување здравствено сигурна храна за луѓето, утврдување на резидуи во храната, контролирање на проблемот на антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици во ветеринарната медицина, благосостојбата на животните и други значајни прашања од доменот на ветеринарната медицина. Групата работи и во делот на прашања за регулирањето на ветеринарната професија согласно Европските стандарди, како и советување и лобирање кај надлежните органи на европско ниво (Европска комисија и Европски парламент) во изготвувањето на легислативата и примена на стратегии во областа на ветеринарната медицина, сточарското производство и прехранбената индустрија.

Во рамките на конференцијата вечерва претседателите на ветеринарните комори на Македонија и на Словенија потпишаа билатерален договор, документ што ги формализира односите помеѓу двете институции и ги утврдува формите на меѓусебна соработка.

Би можело да ве интересира

Ветеринарната комора повторно со барање – да се намали ДДВ за ветеринарните услуги од 18 на пет отсто

Ана Ололовска

Повторно одбиено барањето за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги

Ана Ололовска

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Годишно собрание на Ветеринарната комора на Македонија

Ана Ололовска

Ветеринарната комора го осудува труењето на кучињата и бара систематско решавање на проблемот

Ана Ололовска

Состанок на Ветеринарната комора на Македонија

Ана Ололовска