Сите 88 гласачки места во општина Охрид се отворени навреме и гласањето на предвремените парламентани избори се одвива непречено и во демократска атмосфера.
Тоа го соопшти Општинската изборна комисија, од каде истакнаа дека гласањето почнало според предвиденото, во седум часот изутрина, на сите гласачки места, и изборниот процес засега се одвива без какви било неправилности.
Идентична е ситуацијата и во општина Дебрца каде точно од седум часот изутрината се гласа на 28 избирачки места.
На територијата на општина Охрид право на глас имаат 50.203, а во Дебрца 4.493 граѓани.