Во Скопје наврнаа близу 30 литри на метар квадратен

Од:

Вкупно 28 л/м2 воден талог дожд паднаа во скопската котлина во невремето што се случи поладне, а брзината на ветерот на моменти достигнувала и до 80 км/ч, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

– Скопската котлина по 15ч. беше зафатена со невреме, проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град со променлив интензитет. За кратко време (за помалку од два часа), на мерната станица Зајчев Рид се регистрирани 28 л/м2 воден талог, а ветерот на моменти достигнуваше брзина од 80 км/ч, се вели во соопштението од УХМР.

Според последните податоци од 17 часот, на другите метеоролошки станици од земјава измерени се незначителни количини на врнежи.

Како што се наведува, нестабилната облачна маса, која претходно беше над Скопската котлина, во моментов (18:10) е над подрачјето на Свети Николе и Велешкиот регион. Според информациите од радарскиот центар Ѓуриште, тука има невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер, а можна е и локална појава на град.

Оваа облачна маса, според УХМР, има правец на движење кон околината на Штип.

Променливото и нестабилно време се очекува да продолжи во вечерните и ноќните часови, кога ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски

Крагуевац е погоден од силна бура, при што силните ветрови дури и соборија дрво

(ВИДЕО) Силни дождови ја погодија Анкара, делови од градот се поплавени

Горан Наумовски