Во несреќен случај загина возач од Скопје

Од:

Вчера во 10.10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, возило „мерцедес“ управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато“ паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во товарно возило „МАН“ паркирано од Л.Ш.(42) од Скопје, а потоа и во Х.И., кој стоел до возилото кое претходно го паркирал.

На местото на настанот починал М.Д., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.

Со телесни повреди се здобил Х.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом