На полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од петите локални избори. Утре и в недела е изборен молк. Гласањето за избор на градоначалник во втор круг ќе се одвива во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени. Право на глас имаат еден милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.
ДИК веќе ги предаде избирачките ливчиња на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.
Утре гласаат затворениците, болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица. Во вториот круг право на глас имаат 988 затвореници и 73 раселени лица.
Гласањето започнува во 7 часот, а завршува во 19 часот. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се озвозможува да гласаат.
Бројот на набљудувачи на вториот круг од изборите се уште не е познат. МОСТ најави дека утре ќе соопшти колку нивни набљудувачи утре и в недела ќе бидат на терен.
Втор круг гласање ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.
Во Струмица првиот круг ќе се прегласува на избирачките места 1727, 1730 и 1734, каде има вкупно 3.255 гласачи.
Во Градот Скопје на 536 избирачки места право на глас, според избирачкиот список, имаат 444.259.
Записниците и другиот изборен материјал, ИО ги доставува до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Општинските изборни комисии во рок од седум часа ги објавуваат првичните резултати. Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за градот Скопје.
Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите, а конечните резултати во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
ВТОР КРУГ
Скопје – одѕив во прв круг од изборите 63,95. Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 136.057 и Јани Макрадули од коалицијата „Сојузот за Македонија“ 79.751.
Арачиново – одѕив 61,97. Брахим Ајваз од ДУИ со 2.453 и Бастри Бајрами независен кандидат 1.944 гласа.
Берово – одѕив 81,96 проценти. Драги Наџински од ВМРО- ДПМНЕ со 4.438 гласа и Ѕвонко Пекевски од СДСМ со 4.422.
Богданци – одѕив 78,52 отсто. Анастасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 2.342 и Зоран Прочков од СДСМ со 2.656.
Брвеница – одѕив 58,38 проценти. Енвер Бајазити од ДУИ со освоени 2.394 и Стојан Тодороски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.899.
Битола – одѕив 70,05 проценти. Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.985 и Менде Диневски од СДСМ 22.455.
Бутел – одѕив 63,28 проценти. Петре Латиновски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 9.659 или 48,11 проценти, а Коста Начевски од Сојузот за иднината 4.674 или 23,11.
Велес – одѕив 71,01 проценти. Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“ со 15.110 или 46 проценти, а Аце Коцевски од „Сојузот за иднината“ 16.163 или 49,2 проценти.
Врапчиште – одѕив 50,33. Бајрам Кадриа од ДУИ освоил 4.236 и Исен Шабани од ДПА 3.844.
Гостивар – одѕив 52,42. Руфи Османи од НДП освоил 14.290 и Невзат Бејта од ДУИ 13.579.
Дебарца – одѕив 73,78. Игор Трајкоски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.573 и Љупчо Којчиновски од „Сојузот за иднината“ 1.634.
Делчево – одѕив 74,53. Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ добил 5.443 и Голубчо Ангелов од СДСМ 4.758.
Ѓорче Петров – одѕив 67,01 проценти. Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.316 гласа и Александар Наумовски од „Сојузот на иднината“ 10.720.
Јегуновце – одѕив 61,78. Дарко Блажевски од СДСМ освоил 2.165 и Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.831.
Куманово – одѕив 62,88. Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.759 и Зоран Дамјановски од СДСМ со 19.320.
Карбинци – одѕив 83,12. Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.002 и Ристе Бањеглав од СДСМ со 667.
Кочани – одѕив 71,73. Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ добил 11.295 гласа и Миле Андонов од СДСМ со 10.630.
Кавадарци – одѕив 76,34 проценти. Александар Панов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.507 и Бетиан Китев од „Сојузот за иднината“ добил 6.752.
Карпош – одѕив 72,26 проценти. Стевчо Јакимовски од Српска напредна странка освоил 17.260 и Андреј Петров добил 9.674.
Лозово – одѕив 84,57. Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ добил 613 гласа и Ацо Велковски од СДСМ добил 511.
Могила – одѕив 77,14. Стево Пивковски независен кандидат добил 1.774 и Славко Велевски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 1.715.
Старо Нагоричане – одѕив 74,32. Милован Стојковски од коалицијата “За подобра Македонија“ добил 1.117 и Власте Димковиќ од СНС 717.
Струга – одѕив 63,09. Владимир Кочовски од коалицијата за Струга добил 14.497 и Зиадин Села од ДПА добил 11.414 гласа.
Студеничани – одѕив 58,91. Фати Исени од ДУИ добил 3.567 и Азем Садику од ДПА добил 2.971.
Теарце – одѕив 52,02. Рухан Илази од ДПА добил 4.399 гласа и Исен Асани од ДУИ добил 4.387.
Тетово – одѕив 60,91. Теута Арифи од ДУИ добила 18.429 и Сади Беџети од ДПА 15.116.
Чаир – Изет Меџити од ДУИ освоил 15.173 гласови, а Мухамед Тачи од ДПА 5.842 гласови.
Чешиново – Облешево – одѕив 80,15. Костадин Личков од коалицијата „За подобра Македонија“ 1.786 и Горанчо Крстев од коалицијата „Сојуз за иднината“ 1.298.
Центар – одѕив 67,09. Андреј Жерновски од коалицијата „Сојуз за иднината“ со 14.079 и Владимир Тодоровиќ од коалицијата „За подобра Македонија 12.606.
Ресен – одѕив 69,40. Ѓоко Стрезовски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 5.486 и Димитар Бузлевски независен кандидат 3.140.
Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.