Во наредниот период предвидена реконструкција на девет детски игралишта во Центар

Од:

Во рамки на летните активности за подобрување на урбаната инфраструктура во Центар, предвидена е и реконструкција на 9 детски игралишта во општината, информира Општината.

„Комплетна реконструкција е предвидена за игралиштата во дворот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“, на улицата „Партение Зографски“ на Водно, во објектот Бели Мугри на детската градинка „Кочо Рацин“, игралиштето на ул. „Владимир Полежановски“, позади Универзалната сала и игралиштето во ООУ „11 Октомври“. Реконструкцијата на игралиштата предвидува целосна обнова на реквизитите, поставување на нови гумирани и бетонски подови, нови лулашки, клупи, канти за отпадоци и останата урбана опрема“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Оттаму информираат дека во наредниот период предвидуваат и санација на уште 4 други детски игралишта: на плочникот зад поранешна „Агромеханика“, во паркот „Капиштец“, игралиштето зад ТЦ „Зебра“ и детското игралиште во населбата Пролет.

– На овие игралишта ќе се сервисираат искршените и оштетени реквизити, ќе биде обновена бојата и ќе бидат дополнително уредени со урбана опрема и зеленило, за да се добие целосна функционалност и повторно да бидат на располагање на децата и родителите кои дневно ги посетуваат. За овие активности Општина Центар издвои вкупно 10 милиони денари, средства од општинскиот буџет, со кои ќе се покријат сите трошоци за реконструкцијата на игралиштата, се додава во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата