Во наредниот период ќе се склучи договор за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст

Од:

Државната изборна комисија, на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите.

– Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена. Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор со истиот за набавка на уредите, наведоа на седницата.

Од ДИК додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.

Наведоа дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.

– Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори, посочија од ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски