Во Нанси судење на 35 лица од Албанија, Косово и Македонија за трговија со дрога

Од:

За 35 лица, од кои две жени, државјани на Албананија и Косово, како и тројца македонски државјани од понеделникот 28. септември им се суди од страна на кривичниот суд на Нанси, Франција, во рамки на меѓурегионалниот специјализиран суд за трговија со дрога во организирана криминална група.

На судското рочиште, кое би требало да трае до 9. октомври, јави дописникот на МИА од Париз, од 22-та присутни на судењето, петмина се во затвор, додека другите се бранат од слобода под судска контрола, а останатите се во бегство.

Осомничените се товарат за шверц со хероин и кокаин и тоа според обвинителството во регионот на Сен-Луи, на трите граници со Франција, Швајцарија, Германија. Истрагата, како што пренесува весникот Л’Ест Републикан, е отворена во текот на втората половина од 2010 година, со повеќе физички набљудување, прислушување и озвучувувања на автомобили, што довело до масовна полициска акција и апсења на 16. октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.

Апсењата, јави дописникот на МИА, беа спроведени од страна на специјализираните полициски сили, Граничната полиција со тимови опремени со кучиња. При претресите тогаш беа пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производ за мешање на дрога и големи суми на пари. Осомничените се соочуваат со максимална затворска казна од десет години, додека тие кои по втор пат се судени можат да добијат и двојна казна, како и забрана за престој на француска територија и протерување по издржување на казната.

Јавното обвинителство на завршниот збор во текот на денот ќе ги соопшти побараните казни за обвинетите.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски