Во МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон, продолжува континуираното опремување на полицијата

Од:

Во магацинот на Министерството за внатрешни работи деновиве пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ, соопшти денеска МВР.

Оттаму истакнуваат дека во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-теничките услови за работа на полициските служби, постојано набавуваат униформи и друга опрема за полициските службеници.

Од Министерството за внатрешни работи информираат преку „Гриспорт“ реализираат набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, со вредност од 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вредност од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на таа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2.330 флуоросцентни елеци, 8.000 маици, 8.000 виндјакни, 20.000 кошули…

-Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата, потсетува МВР.

Најавува дека продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, како и со реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он