Во момент на невнимание си ја застрелал мајка си

Од:

Седмнаесетгодишен малолетник од Градско синоќа ја застрелал неговата мајка Ѓулизера М. (1964) во куќа лоцирана на улица „Маршал Тито“ во Градско.

– Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес веднаш е излезено на лице место, при што констатирано е дека околу 21 часот 17-годишен малолетник од Градско, син на сега починатата, од дневната соба ја зел ловната пушка калибар 12 милиметри, која неговиот татко ја поседувал со дозвола. Во еден момент малолетникот од невнимание испукал еден патрон и смртно ја застрелал неговата мајка во пределот на вратот, информира денеска Анита Стојковска-портпарол на СВР Велес.

Таа посочи дека малолетникот веднаш е приведен и задржан во просториите на СВР Велес и со кривичната пријава изутрината е изведен пред надлежен суд, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе му се изврши обдукција, информира Стојковска.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски