Во Могила нов повеќенаменски простор за административни и социјални услуги

Од:

Целосно е реконструиран објект во село Ивањевци општина Могила на повеќенаменски простор поддржан од Министерство за локална самоуправа во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Вкупниот буџет за овој проект за развој на Пелагонискиот плански регион е 5.490.279 денари од кои 1.860.000 денари се обезбедени со кофинансирање од страна на Општина Могила.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски појасни дека реконструкцијата опфати и изградба на повеќенаменски простор кој ќе служи за обезбедување услуги од административно социјален карактер на жителите од овој дел од регионот, со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и намалување на разликите помеѓу поразвиените и помалку развиените средини преку овозможување социјални услуги од регионално значење.

Дел од објектот, подвлече тој, ќе служи за обезбедување услуги за жителите од матичното одделение во Битола. Инаку, овој простор се користел за иста намена до пред четири години како подрачно одделение на службите од Битола. Како што појасни Милевски, поради немање елементарни услови овие услуги во последните години жителите на овие населени места не можеле да ги остварат во село Ивањевци и морале да патуваат до Битола, што дополнително им го отежнува добивањето на овие услуги.

– Во рамки на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој ќе згрижува деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото. Останатиот дел од просторот се планира да се искористи како канцеларија за Агро Акцелератор кој земајќи во предвид дека поголем дел од населението што гравитира на оваа територија се занимава со земјоделие, ќе ги опслужува заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства не само од општина Могила туку и од соседните општини, изјави градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.

Овој проект овозможува доближување на услугите од Управата за водење на матични книги во Битола со подрачно одделение во Ивањевци непосредно до жителите на општините Могила, Новаци и Демир Хисар и намалување на диспаритетот помеѓу урбаните и руралните средини во остварување на правата на граѓаните.

– Ги следиме барањата и потребите на општините и во координација со градоначалниците и Министерство за локална самоуправа работиме на подобрување на животниот стандард во Пелагонискиот регион. Ова е само еден од проектите кои што Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион ги имплементира во Програмата за регионален развој за 2019, вкупно беа осум регионални проекти во износ од 40 милиони денари. За 2020 година одобрени се 4 регионални проекти во кои се вклучени сите 9 општини од овој регион, износот на сите проекти изнесува околу 38 милиони денари, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска