Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

Од:

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше отворена Книга на жалост за загинатите во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Во Книгата на жалост прв се потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а потоа се потпишаа бројни амбасадори и постојани претставници на меѓународни организации во државава.

Меѓу оние кои се потпишаа беа амбасадорката на САД Анџела Агелер, евроамбасадорот Михалис Рокас, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, на Хрватска Нивес Тигањ, на Франција Кристоф Ле Риголер, на Србија Невена Јовановиќ како и турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Во Книгата на жалост се потпишаа и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, како и постојаните претставници на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на УНДП Армен Григорија и на Светската здравствена организација Аким Али.

Амбасадорите изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани, нудејќи поддршка и помош на државава во овие тешки мигови.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа