Во МНР одбележани 100 години од почетокот на Првата светска војна

Од:

Во Министерството за надворешни работи во присуство на дипломатскиот кор и други гости денеска беше одбележана стогодишнината од почетокот на Првата светска војна со пригодни обраќања на министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер.

Како што соопшти МНР, министерот Поповски во обраќањето истакнал дека Република Македонија отсекогаш се залагала за слобода, мир, солидарност и оти како субјект во меѓународната заедница, секогаш е подготвена да даде придонес во борбата против предизвиците и глобалните ризици.

– Би сакал уште еднаш да се поклонам пред борците и македонските цивили кои заедно со другите европски народи ги жртвуваа своите животи за слобода и мир давајќи придонес во создавањето на денешната обединета Европа, потенцирал Попоски.

Овој настан организиран заедно со француската Амбасада претставува почеток на циклусот настани кои многу европски држави, вклучувајќи ја и Република Македонија во следните четири години ќе ги посветат на стогодишнината од Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија