Во манастирот во Матка традиционално ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

Од:

По повод одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, во четврток на 27 август ќе биде одржана вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите