Во Македонија нема „западно-нилска треска“

Од:

Министерство за здравство (МЗ) ја демантира информацијата објавена во некои медиуми дека во Македонија има „западнонилската треска“ и дека таков случај е наводно откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември.

Кај ниту еден пациент, како што наведува Министерството, не е потврдено присуство на вирусот на западно-нилска треска.

-Министерство за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот на 1ТВ од 27.10.2018 година во 20:21 часот – „1ТВ дознава: Западнонилската треска пристигна во земјава“ и дел од медиумите што го преземаа, дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“. Пациентот што се издвојува во прилогот на 1ТВ, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје, стопи во соопштението од МЗ.

Министерството за здравство подвлекува и дека во ниту еден момент немало намера да прикрие какви било информации и ги уверува граѓаните дека во континуитет ја следи состојбата во врска со вирусот и неговата евентуална појава.

-Новинарката од 1ТВ во изминативе неколку недели беше во постојан контакт со Министерството. Со прилогот што беше емитуван на телевизијата 1ТВ се создава неоснована паника и страв кај граѓаните. Вчеравечер испративме реакција до медиумот 1ТВ, меѓутоа воопшто не е пренесена оваа реакција на тој медиум. Затоа, повторно бараме од медиумот 1ТВ во целост да ја пренесе оваа реакција, наведува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска