Во Македонија нема заболени од вирусот „Западен Нил“

Од:

Во Македонија нема западно заболени од вирусот „Западен Нил“, смируваат надлежните, по информацијата дека едно лице од вирусот починало во србија, и по паниката во Грција.

Од 25 испитани сомнителни случаи кај ниту еден не е потврдено присуството на вирусот.

Надлежните смируваат дека засега нема простор за паника. Има доволно тестови за дијагностика. Останува граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од комарци.

„Остануваат на сила препораките за преземање превентивни мерки за заштита од вектор-преносливи болести, кои се пренесуваат преку комарци, односно поставување заштитни мрежи на врати и прозорци, отстранување застоена вода од дворови (буриња, вирови, шахти и стари гуми во кои може да се собира дождовницата) и редовно чистење на олуците за да се овозможи истекување на водата и употреба на средства за заштита од каснување комарци“, изјави Јованка Костовска од Комисија за заразни болести.

Инфектолозите предупредуваат дека ризична група се постарите лица и оние со намален имунитет. Симптомите на заразата се слични на грип. Најголем дел завршуваат со лекување во домашни услови. Но вирусот може да предизвика и сериозни компликации кои може да бидат фатални за пациентот.

„Може да дојде до менингитис или еден вид на парализа, но тоа не е за сите случаи. Најчесто симпотмите поминуваат брзо и за оваа болест нема класичен лек ниту пак вакцина“, вели д-р. Звонко Миленковиќ директор на Инфективна Клиника

Болеста за прв пат е откриена во Уганда, по што се случиле епидемии во Африка и Европа.

 

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти