Во Македонија нема производи со коњско наместо говедско месо

Од:

На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд „Финдус“, соопштија инспекциските контроли.

Контролите се спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители содржи коњско месо наместо говедско, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите“, наведува Агенцијата.

Засега е потврдено дека лажно декларирано месо се продавало во Велика Британија, Франција, Шведска, Ирска и Романија, а Би-Би-Си пренесува дека го има и на пазарите во уште 11 европски земји.

Се верува дека Кипар и Романија се земјите од каде што потекнува спорното месо. Француската компанија „Поујол“ ја снабдувал луксембуршката фабрика, сопственост на француската групација „Комигел“, а месото потоа е продавано како дел од готовите замрзнати јадења на шведскиот производител „Финдус“ кој за овој скандал ги обвинува своите романски добавувачи. Откриено е дека анализираните примероци со „говедско месо“ содржат 60 до 100 проценти коњско месо.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов