Во Македонија нема ниту една од спорните серии на „Јувитана“

Од:

На македонскиот пазар нема ниту еден од спорните „Јувитана“ производи за деца што ги повлече Србија поради сомнеж за зголемено присуство на пестициди, соопшти Агенцијата  за храна и ветеринарство (АХВ).

– По добиената информација дека од српскиот пазар се повлекуваат дел од палетата производи наменети за деца од брендот Јувитана, произведени од компанијата Свислајон – Таково, инспекторите за храна направија вонредна контрола во компанијата која ги увезува овие производи на македонскиот пазар. Притоа е констатирано дека ниту една од спорните серии не се наоѓаат на македонскиот пазар, наведува АХВ.

Агенцијата, како што дополнува, ќе продолжи будно да ја следи состојбата и навремено и соодветно ќе ги преземе потребните мерки.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски