Во Македонија не е увезено спорното пилешко од Хрватска

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија, дека производот „Ледо“ замрзнато мелено пилешко месо во пакување од половина килограм, со датум на замрзнување 10.07.2015 и означен рок на употреба до 09.07.2016 година е небезбеден.

Станува збор за производ на хрватската компанија „Месфино” од Чазма чиј дистрибутер е компанијата „Ледо” од Загреб, за кој хрватското Министерство за земјоделство вчера ги извести потрошувачите дека по добиената нотификација преку RASSF овој производ како небезбеден го повлекува од хрватскиот пазар поради утврдено присуство на бактеријата салмонела.

– Согласно официјалните податоци од Информативниот систем на граничната ветеринарна инспекција, во Македонија од хрватската месна индустрија „Месфино”, од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден не е извршен увоз на пилешко месо, информира АХВ.

Целокупниот увоз на месо од живина од Република Хрватска во земјава се врши од одобрени објекти од  Вараждинската околија/жупанија, за увозникот во нашава земја „Виндија Интернационал“.

АХВ преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ секојдневно добива известувања за навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за  животни, со цел преку брза и ефективна размена на информации, доколку се јави потреба,  веднаш да реагира преку преземање потребните мерки за безбедност.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра