Во Македонија лани имало 126 радиодифузери

Од:

Минатата година со радиодифузна дејност во Македонија се занимавале 126 радиодифузери од кои 68 емитуваат радиопрограма, а 58 телевизиска програма, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 64 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.

Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие емитувало вкупно 37.435 часа од кои најголем дел или 62,5 проценти била музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва емитувале вкупно 478.885 часа, во најголем дел музичка програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 57 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатија емитувало вкупно 21.357 часа програма од која најголем дел или 13,9 проценти била играна програма.

Трговските радиодифузни друштва емитувале вкупно 441.225 часа од кои најголем дел играна програма.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Стапката на невработеност 12.3 отсто