Во Липково запишани 337 првоодделенци

Од:

Во новата учебна година во Липково во прво одделение ќе тргнат 337 првоодделенци, што е за 35 ученика повеќе во однос на претходната година, информираат од општината. Лани во седумте основни училишта на подрачјето на општина Липково се запишале 302 првоодделенци.

Од општината информираат дека раст на бројот на запишани првачиња во сите училишта, во „Рилјинда“ во Лојане, „Фаик Коница“ во Слупчане, ,,7 Март“ во Опае, „Дитуриа“ во Липково, ,,Антон Зако Чајупи“ во Отља, ,,Култура“ во Матејче и „5-ти Октомври“ во Никуштак.

Одговорните од општината појаснуваат дека училиштата претходно се подготвени за прием на учениците и информираат дека работат на подобрување на условите во сите училишта и инсталирање на парно греење и други потреби за квалитетно одвивање на наставата.

Би можело да ве интересира

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Лизгање на земјиште на влезот во Липково