Се шират многу нови варијанти на Ковид-19 увезени од странство, откриваат анализите на МАНУ

Од:

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на коронавирус, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава.

Ова го соопшти Институтот за јавно здравје, од каде информираат дека податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

Засега потврдено беше само присуството на британската мутација на коронавирусот во земјата.

Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.

Инаку во неделниот извештај, ИЈЗ јави дека за 5,3 проценти е зголемен бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 оваа недела, во споредба со претходната.

Истовремено регистрирано е намалување од 34,8 отсто на починати од заразата, а процентот на позитивност изнесува 12,9 отсто од тестираните.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2 проценти помалку во споредба со минатата недела.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски