Во Кумановскиот суд рочиште по приватна тужба од Цветковски против СДСМ

Од:

Во Кумановскиот суд денеска се одржа главната расправа по приватната тужба на Виктор Цветковски за неовластено снимање и објавување аудио снимки во кои тужени се претседателот на СДСМ, Зоран Заев, партијата СДСМ и претседателот на општинската организација Мартин Костовски.

Обвинетите Заев и претставникот на правното лице Манчевски беа сослушани како сведоци на одбраната, додека претседателот на општинската организација на партијата Мартин Костовски беше отсутен поради, како што објасни адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ, службени обврски.

Заев истакна дека објавените снимки меѓу Цветковски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се дел од проектот „Вистина за Македонија“ и оти одлуката за нивно објавување е донесена од највисоките органи на СДСМ.

Тој додаде дека иако одредени разговори биле со делумна приватна природа и интима, било одлучено да се објават, поради индициите за незаконски дејствија поврзани со изборниот процес.

По главната судска расправа, одговарајќи на новинарско прашање околу формирањето на новата влада, Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го има мандатот за состав на новата влада, но оти е убеден дека тој не ќе може да ја формира владата.

Во врска со разговорите со Демократската унија за интеграција, Заев рече дека на средбата начелно било разговарано за позициите на двете партии и оти се најавени следни средби.

– На вчерашната средба како што соопштивме беше начелно зборувано за позициите на СДСМ и на ДУИ и не навлеговме во детали заради тоа што немаме нешто посебно што да соопштиме. Најавени се следни средби. Штом ќе се случат и како ќе течат разговорите, ќе ја информираме јавноста, изјави Заев.

Тужителот Цветковски, кој тужи за објавени разговори што ги водел со поранешната министерка за внатрешни работи Јанкуловска, во изјава за медиумите рече дека обвинетите го признале делото оти зад одлуката за објавување на неговите разговори стои СДСМ.

– Во целиот случај СДСМ си зема за право да одлучува кој во Република Македонија ќе биде снимен и кои од разговорите ќе бидат објавени. Дури видовте дека на прашања од правниот тим, кој ме застапува, одговорија дека тие немаат потреба да прашуваат никого дали нечии разговори ќе бидат објавени или не. Со целиот овој случај се гледа дека буквално се обидуваат да дискредитираат личности кои на нив, во нивните политички цели, им пречат, изјави Цветковски.

Цветковски, генерален секретар на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, ги тужи Заев, Костовски и правното лице за објавување разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска водени во 2013-та година меѓу двата круга од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра