Во Куманово трибина за улогата на омбудсманот во заштита на правата на граѓаните

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска ќе се обратат на трибината „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“ што ќе се одржи во Куманово.

Главниот фокус на дискусијата ќе биде ставен на улогата на народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво со омбудсманот.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Граѓанскo набљудување на народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител