Во Куманово пронајдена и одземена голема количина текстилна стока со сомнително потекло

Од:

По претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судска наредба, вчера СВР Куманово во содејство со Управа за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и претставници на заштитени трговски марки, изврши претрес и контрола во два објекта во Куманово, при што е пронајдена и одземена поголема количина на текстилна стока со сомнително потекло, а означена со трговски марки Дизел, Риплеј, Армани, Адидас, Луј Витон, Живенши, Барбери, Шанел, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост и Левис.

Во првиот случај, соопшти МВР, извршен е претрес во домот на М.С.(53) во Куманово, при што во подрумски простории на семејната куќа е пронајдена поголема количина на текстилна стока наредена на рафтови и една фискална каса. Од извршениот преглед од страна на претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока од сомнително потекло означена со трговските марки: Дизел, Риплеј, Армани и Адидас, која што е фалсификувана.

Со потврда за привремено одземени предмети одземени се 200 парчиња (фармерки, јакни, комплет тренерки и дуксерки) и четири најлон кеси со копчиња, етикети и ознаки од трговските марки Дизел и Риплеј. Од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека М.С во куќата врши трговска дејност продажба на текстилна стока преку правното лице ДПТУГ„ Њу-лок“ Куманово, а немал поднесено пријава за исполнување на минимално-технички услови за вршење на трговска дејност за што му се изречени глоби во износ од 4.700 евра.

Во вториот случај извршена е контрола во бутик „Лондон“ во Куманово, со кој стопанисува друштвото ДПТУ „Лондон оне“ ДООЕЛ Куманово, сопственост на Ј.Џ.(30) од Куманово. Од извршениот преглед на робата од страна на претставникот на трговските марки констатирано е дека во продажба се нуди текстилна стока со сомнително потекло означена означена со трговските марки: Луј Витон, Живенши, Барбери. Шанел, Армани, Томи Хилфигер, Гучи, Ла Кост, Дизел и Левис, која што е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се 55 парчиња (кошули, блузи, фармерки и тренерки). По целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена