Во Куманово продолжува дезинфекцијата, се дистрибуираат пакети за ранливи категории граѓани, исцртани линии пред банки и пошти

Од:

Тимовите на општинскиот кризен штаб, во кој се вклучени речиси сите јавни претпријатија од градот и противпожарната единица, продолжуваат со интензивна дезинфекција на јавно прометните површини во Куманово согласно распоредот, при што се опфатени урбаните заедници, руралните средини (села и приградски населби), објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Воедно, екипи од повеќе тимови вклучени се во дезинфекција на зградите во градот.

Димитриевски информираше дека продолжува и дистрибуцијата на прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани. Екипите на Општинскиот кризен штаб, Црвениот Крст и Армијата доставуваат пакети за социјално најзагрозените семејства во Општина Куманово.

-Телефони за пријавување се 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494. Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете смс порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Тој информира дека вчера екипи организирани од кризниот штаб ги обележале местата за чекање пред банки, пошти, со минимум два метра дистанца.

–Ве молам почитувајте ги сугестиите и редот кој го бараат редарите на штабот и припадниците на МВР и АРМ од вас. Се работи за ваша и заедничка заштита, повика кумановскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена