А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Куманово приведени тројца нарко дилери

by А1он20/01/2013 - 15:04210
Share0

СВР Куманово до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал Скопје заедно со кривична пријава ги спроведе лицата Ф.С. (31), Ф.Р.(30), двајцата од Куманово и А.М.(27) од Радовиш, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

МВР соопшти дека третопријавениот А.М. по предходен договор со второпријавениот Ф.Р. завчера (18.01) околу 23:00 часот дошол во Куманово и се сретнал со него, при што отишле во домот на Ф.Р. каде му дал 4.000 евра за два килограма наркотична дрога „Сканк“, по што отишле да се сретнат со првопријавениот Ф.С. кој им ја дал дрогата и си заминал. Откако третопријавениот проверил што има во кесите констатирал дека бил измамен бидејќи не се работи за наркотична дрога „Сканк“ туку е марихуана, по што му побарал на второпријавениот да му ги врати парите, кој пак му ветил дека утредента ке му ги врати и го одвел во мотел да преспие.

Вчера, третопријавениот А.М. се договорил со второпријавениот Ф.Р. да се сретнат за да му ги врати парите и кога тргнал да остварат средба истиот е фатен од полициските службеници од СВР Куманово. Веднаш потоа и прво и второпријавениот се фатени и врз основа на судски наредби се извршени претреси во нивните домови при што се пронајдени и одземени поголема количина на пари и мобилни телефони, по што се приведени во СВР Куманово.

По извршеното вештачење на одземената наркотична дрога е констатирано дека се работи за нешто над 2,9 килограми марихуана. Пријавените се познати сторители на кривични дела за што им се поднесувани кривични пријави и тоа на првопријавениот за убиство во обид, изнуда, недозволена трговија со дрога и предизвикување општа опасност, на второпријавениот за разбојништво и насилство, додека на третопријавениот за тешка кражба.

Следете a1on на Youtube YouTube
drogakumanovomvr

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Горан Наумовски17/10/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео