Во Куманово оштетен билборд на Коалицијата „За подобра Македонија“

Од:

Изборен пропаганден материјал, поставен на билборд од Коалцијата „За подобра Македонија“, лоциран покрај булеварот „Октомвриска револуција“ е оштетен.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која информираше за оштетувањето на пропагандниот материјал и ги повика надлежните институции, меѓународните и домашни организации и МВР да го расветлат и санкционираат ваквото однесување.

– Особено што министер на оваа министерство е од редовите на СДСМ, задолжен за фер и законско спроведување на изборниот процес, рече Марио Цветковски, претседател на УМС на ОК на ВМРО ДПМНЕ и кандидат за пратеник од втората изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека од ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, претходно укажале на како што рече, злоупотреба на локалните јавни претпријатија во изборната кампања од страна на СДСМ, за што, додаде, веќе се преземени мерки за институционална разрешница и санкционирање.

Тој информира дека граѓаните на Куманово се сведоци, на како што истакна, незаконско поставување на изборен пропаганден материјал од страна на СДСМ на локации кои не се соодветни и предвидени за таква намена.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски