Во Куманово одбележан Светскиот ден на лица со Даунов Синдром

Од:

Дневниот Центар за лица со интелектуална попеченост „Порака Наша“, денеска на градскиот плоштад во Куманово симболично го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, и стана дел од мапата на големата светска кампања чиј заеднички чинител годинава е носењето шарени чорапи.

Корисниците на услугите на дневниот центар порачаа дека е потребно да се подигне свеста кај граѓаните дека лицата со Даунов синдром, секојдневно се соочуваат со предизвици.

– Тука сме да го одбележиме Денот со нашето присуство, да покажеме дека постои свет на различности, кој што е шарен и убав. Шаренилото го пренесуваме преку шарени чорапчиња, чадорчиња, нокти. Така се одбележува во Скопје и во другите градови низ светот, изјави Мартина Костовска, од „Порака Наша“.

Меѓународната светска организација за Даунов синдром секоја година на различна тема го одбележува овој ден.

– Лицата со Даунов синдром не се различни од другите. Оваа година тие испраќаат порака и објаснуваат дека нивните потреби не се посебни потреби туку дека имаат исти потреби како останатите и заслужуваат да живеат без дискриминација врз основа на попреченоста, изјави Костовска.

Дауновиот синдром е хромозомопатија, која се јавува на 21-от хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски