Во Куманово одбележан Денот на Европа

Од:

На градскиот плоштад во Куманово денеска се одржа хепенинг по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, во организација на општина Куманово, заедно со „Инфо точка“ и Европската делегација.

Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој рече дека ЕУ гаранатира безбедност, еконосмка стабилност, просперитет, владеење на право, човекови слободи и слобода на медиумите.

– Затоа патот на Македонија е токму таму во ЕУ, рече Дамјановски.

Заменик амбасадорот на Шпанија во Македонија, Фернандо Лопес де Кастро Гаридо ги поздарви присутните на градскиот плоштад во Куманово, изразувајќи задоволство што присуствува на прославата на 9 мај, Денот на Европа.

Рече дека ЕУ е создадена 1957 година и дека во изминатите 60 години се создал простор на слобода на движење, на мислење, просперитет и добробит на народите.

– Шпанија посакува и од самиот почеток ја поддржува европската перспектива на Македонија и се надеваме дека на тој пат силно ќе зачекори и набргу ќе стигне до целта, рече претставникот на амбасадата на Шпанија.

Кумановци имаа можност да разгледаат и промотивни материјали за одредени држави членки на Унијата, овој пат со Шпанија, Германија, Италија и Австрија. Граѓаните имаа можност да проследат и настапи на ученици и балетски студија од градот.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување