Во Куманово одбележан Денот на Црвениот крст на Република Македонија

Од:

Општинската организација на Црвениот крст од Куманово и одделот за трансфузија од Општата болница во Куманово денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Денот на крводарителите и Денот на Црвениот крст на Република Македонија.

Надлежните им доделија благодарници на повеќекратните крводарители од Куманово, оние кои дарувале крв по 10, 25, 50 и 75 пати.

– Лани имаме собрано 196 крвни единици повеќе во однос на 2015-та година кога собравме 2.763 единици. Задоволни сме од бројката, но сепак мора да се потенцира дека Куманово е најголема општина и ќе настојуваме бројот на крводарувања да биде поголем, изјави претседателот на Општинската организација на Црвениот крст Нухи Јусуфи.

Тој истакна дека најчесто крв дарува помладата генерација, од 20 до 35-годишна возраст. Според него, има доволно количини крв.

Докторката Лилјана Славковска од одделот за трансфузиологија информира дека бројот на крводарители постојано расте и додаде оти секој кој е здрав може да дарува крв.

– Дарувањето не предизвикува никакви последици по здравјето, напротив овозможува обнова на крвната плазма, како и на крвните тела, рече Славковска.

Ненад Алексовски, кој дарува крв веќе 50 пати, изјави дека почнал со крводарителството од средношколските денови и најави оти ќе продолжи се додека се чуствува добро.

Манце Ѓорѓевиќ 137 пати дарувал крв, а првпат дарувал крв за да му помогне на другар кој доживеал сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он