Во Куманово криминалот, нарушувањето на јавниот ред и мир и сообраќајките бележат намалување

Од:

Намален број на кривични дела, прекршоци од областа на јавниот ред и мир и сообраќајни несреќи се регистрирани на територијата на Куманово од страна на Полициската станица од општа надлежност во првата половина од оваа година.

Според командирот на полициската станица Игор Митевски кај кривичните дела се бележи намалување од 19,1 отсто, кај пркршоците од областа на јавниот ред и мир 12,4 проценти, а кај сообраќајните несреќи се бележи намалување од 8,7 проценти.

Тој додаде дека во 2017 година регистрирани се 573 кривични дела од кои што 53 проценти се реализирани. Вкупната материјална штета која што ја претпреле граѓаните по однос на овие кривични дела е над 59 милиони денари или поднесени се 280 кривични пријави против 383 сторители.

– Гледано по области, преовладува класичниот криминал како и секогаш бидејќи е најобемен и регистрирани се 541 кривично дело, додека со значително помалку кривични дела е економскиот криминал. Во првата половина од годинава, кумановската полиција открила 22 кривични дела од областа на економијата, што претставува намалување од 2,9 пати во однос на истиот период лани. Намалување бележи и недозволената трговија и тоа за 3,1 проценти. Годинава е поднесена и една кривична пријава за поттикнување верска омраза, а тоа е случајот со симнувањето на државно знаме од јарболот во центарот на градот, информира Митевски.

Јавниот ред и мир бил нарушен во повеќе наврати. Поднесени се вкупно 211 прекршочни пријави по тој основ, од кои најмногу, односно 74 за физички пресметки.

Во првата половина од годинава, се случиле 199 сообраќајни незгоди во првата што е намалување за 8,7 отсто, а 623 кумановци останале без право да управуваат патнички возила на одреден период. Полицијата повела вкупно 1.506 барања за поведување прекршочна постапка против несовесните возачи.

Во однос на превенцијата, како што информираше командирот Митевски, спроведени се неколку акции и проекти, кои ќе продолжат да бидат реализирани и во наредниот период. Станува збор за проектите „Безбедни училишта“, „Празниците зближуваат“, „Спорт да, дрога не“, а биле одржани и две трибини и низа соседски патроли.

Би можело да ве интересира

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски игралишта

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата