Во Куманово до 17 часот одѕивот 51 процент

Од:

Според податоците од Општинската изборна комисија до 17 часот во Куманово гласале 51 процент од гласачите за парламентарните избори, а 43 проценти за претседателските избори.

Право на глас имаат околу 90.460  гласачи заедно со дијаспората  кои своето право на глас го оставруваат на 167 избирачки  места.

Во општина Старо Нагоричане право на глас имаат околу 3.600 граѓани кои гласаат на 38 избирачки места. До 17 часот за вториот круг од претседателските избори гласале 50,69 проценти, а за парламенарните 52,97 проценти од граѓаните, вели Тина Костовска, претседателка на ОИК.

– Во Липково до 17 часот, според информациите на ОИК своето право на глас го искористиле 4,57 проценти за претседателските избори, додека 44,12 проценти за парламентарните избори, вели заменик претседателот на ОИК, Горан Митевски. Инаку во оваа општина право на глас имаат над 23.000 граѓани кои гласаат на 36 избирачки места.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226