Во Куманово активни 343 случаи на Ковид-19, за една недела регистрирани нови 74 позитивни

Од:

Во моментов во Куманово активни се 343 случаи на заболени од Ковид-19, а за една недела регистрирани се 74 позитивни случаи на Ковид 19, информираа денеска од Општинскиот кризен штаб.

– Во период од 25.01. до 31.01.2021 година во општина Куманово регистрирани се 74 позитивни случаи на Ковид-19, а моментално има 343 активни случаи. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата, поточно, социјална дистанца од два метра, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории, се наведува во соопштението на Штабот кој денеска го одржа 62-от состанок.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски