Во Куманово 400 лица примиле вакцина против грип

Од:

Во Центарот за јавно здравје Куманово започна имунизацијата против сезонски грип и според информациите на надлежните од оваа здравствена установа, досега, за два дена вакцина примиле околу 400 лица. Набавени се 1.800 вакцини од холандски производител, информираат надлежните од Центарот.

– Ги повикуваме лицата од ризичните групи како што се хронично болните, лица со белодробни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, лица заболени од дијабет, со намален имунитет, навреме да се вакцинираат, изјави епидемилогот Едита Рамизи.

Пред да ја примат вакцината на заинтересираните им се врши општ лекарски преглед.

Вакцината чини 400 денари и главно е наменета за хронично болни лица, со намален имунитет и за здравствените работници, лица сместени во геријатриските центри, лица вработени во јавни институции и установи.

Минатата година според надлежните од Центарот за јавно здравје вакцина примиле 1.400 граѓани, најголем процент од возрасната популација.

Оваа година набавени се сто вакцини повеќе во однос на минатата година. Лекарите се надеваат дека ќе има доволно за сите заинтересирани.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски