Во крводарителска акција во Кавадарци собрани 13 единици крв

Од:

Во денешната доброволна крводарителска акција која се организираше во Кавадарци во просториите на Општинската Организација на црвениот крст собрани се 13 единици крв.

– Како и секогаш задоволни сме од одѕивот на хуманите сограѓани кои секогаш се подготвени да помогнат и да даруваат крв за оние на кои таа им е неопходна.

Кавадарци е секогаш на врвот на градовите по доброволно крводарување. За 6 месеци имаме планирано да обезбедиме 600 крвни единици а ние веќе за 4 месеци реализиравме 800 доброволни крводарувања што значи дека годишниот план веќе ни е повеќе од половина реализиран, рече секретарот на Општинската организација Розе Илова.

Таа додаде дека и понатаму ќе продолжат со хуманоста.

Би можело да ве интересира

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он